Хрватскиот пејач Петар Грашо пред неколку дена беше специјален гостин на свадбата на српскиот музичар Дарко Лазиќ, а не е новост дека неговите песни се избор на младенците за нивниот прв танц.
Сепак, има се повеќе луѓе кои сакаат да го завршат својот романтичен момент со настап во живо, а Грашо го ангажираат да дојде на нивната забава и да остане цели 10 минути колку што трае танцот. Бидејќи Грашо е една од најголемите регионални ѕвезди, многумина ги интересира колку чини ова задоволство.
Извор од музичката индустрија за „Слободна Далмација“ наведува дека пејачот не настапува премногу на приватни веселби, а повеќе сака да доаѓа на свадби и да им пее една или две песни на младенците по договор. Тој ангажман чини од 2.000 евра па нагоре.
„Грашо з атие десет минути што ќе ви пее на свадба не доаѓа за помалку од 2000 евра“, тврди изворот.