За судијата Антонио Матеу Лахос Светското е завршено, ФИФА предвреме го испрати дома по лошото судење на натпреварот меѓу Аргентина и Холандија

За судијата Антонио Матеу Лахос Светското е завршено, ФИФА предвреме го испрати дома по лошото судење на натпреварот меѓу Аргентина и Холандија

пред 2 години

По големиот број реакции на навивачите и особено на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси кој рече дека е згрозен од тоа како шпанскиот судија Антонио Матеу Лахос суди на Светското, од ФИФА одлучија да го отстранат од конкуренцијата за финалето на Мундијалот.

Познатиот арбитар нема да го суди финалето во Катар, иако беше еден од главните кандидати на почетокот на турнирот. Лахос го судеше четвртфиналето меѓу Аргентина и Холандија кое за малку и ќе го расипеше, пишуваат медиумите. Како и обично и овој пат се обиде да биде во центар на внимание.

Откако фудбалерите на двата тима, особено Меси, реагираа на неговото судење, од ФИФА одлучија да го испратат предвреме дома. Тоа што Лахос беше пречкртан од списокот за најважниот натпревар годинава, само покажа какво влијание на делегирањето на судиите има јавното мислење.

Сепак и покрај притисокот од некои врвни фудбалери и самиот Лахос допринесе со неговото судење да биде отстранет од овој список, пишуваат медиумите. Тој не се прослави на најтешкиот четвртфинален меч меѓу Аргентина и Холандија, натпревар кој за малку ќе го расипеше.

На крајот покажа 13 жолти картони, го исклучи Дамфрис за неспортско однесување кога натпреварот заврши, а гневот на фудбалерите го собра кон себе откако ги игнорираше жестоките дуели на терен и дозволи ситуацијата да се вжешти.

Лахос важеше за судија кој сака да се стави над фудбалерите и често да го привлекува вниманието кон себе. Тоа е нешто за кое најмногу му замераваат сите, а Меси не го сакаше ни додека играше за Барселона. Уште тогаш се зборуваше дека Лахос бил навивач на Реал Мадрид.

Затоа не е во добри односи со Меси. Аргентинцот реагираше уште кога ФИФА го делегираше да биде главен арбитар за натпреварот со Холандија.

„Овој натпревар не требаше да заврши вака. Не сакам да зборувам за судиите за да не ме казнат, но луѓето видоа што се случи на натпреварот. Уште пред да почне натпреварот се плашевме затоа што знаевме за каков судија станува збор. Мислам дека ФИФА мора да го прегледа ова. Не можете ваков судија да ставате да суди на вака големи натпревари“, рече Меси.

Неговиот соиграч Емилијано Мартинез беше уште поостар во изјавата. Во пресрет на натпреварот со Хрватска во полуфиналето, голманот на Аргентина би можел и да се соочи со потенцијални сакнции заради зборовите кон Лахос и пцовките кои ги упати на тренерот на Холандија Ван Гал.

„Тој е убедливо најлошиот судија на Светското. Го продолжи второто полувреме 10 минути затоа што сакаше Холанѓаните да израмнат“, рече Аргентинцот.

 

Share
Scroll to Top