Пејачката Мараја Кери била ограбена, додека летувала во Италија и Хемптонс, како што дознава Page Six. Во јули имаше упад во домот на пејачката во Атланта, а полицијата соопшти дека истрагата се уште е отворена и дека не можат да споделат информации со јавноста.
Дворецот од 5,65 милиони долари беше купен во ноември 2021 година. Домот со девет спални соби и 13 бањи има базен, тениско игралиште и игралиште.
Во меѓувреме, Кери го помина изминатиот месец во Италија со момчето Брајан Танака и нејзините близнаци Монро и Марокан. Слики од одморот беа објавени на сите портали што можеби било повод за крадците.
Кери во 2017 година, дивата го покажа својот плакар од Tribeca за Vogue, покажувајќи ги чевли Louboutin и чантите Birkin, како и сувенири од Мерлин Монро.