Илон Маск годинава ќе почне со имплантација на мозочен чип

Маск го најави првото вградување на чип во мозокот, што следува потоа никој не знае

пред 1 година






Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека неговата компанија Neuralink  ќе почне со имплатација на првиот мозочен чип до крајот на годината.

Маск ова го рече на конференцијата VivaTech во Париз, пренесe „Ројтерс“. Минатиот месец, Neuralink доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови (FDA) за своето прво клиничко испитување на луѓе.

Одлуката претставува пресвртница за стартапот, кој се соочува со истраги во САД за ракување со експерименти со животни, пренесе британската агенција.






Share
Scroll to Top