Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, ќе остане на функцијата и ќе го одработи договорот кој има важност до крајот на квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Ова значи дека до ноември ќе ја предводи селекцијата на Македонија во квалификациите.
ФФМ одлучи да не го смени, ни по изјавата на капитенот Стефан Ристовски, кој рече дека привремено ќе се повлече од репрезентацијата, затоа што не се во добри односи.
Одлуката на ФФМ стави крај на шпекулациите дека Македонија ќе има нов селектор до крајот на договорот на Благоја Милевски. За потсетување, како можни негови наследници се споменуваа имињата на Владан Милојевиќ и на Миодраг Божовиќ.
Ристовски се повлече од репрезентацијата поради нарушениот однос со селекторот Милевски