Папата првпат ќе се вози во електричен папамобил

Папата првпат ќе се вози во електричен папамобил

пред 3 години

Папата Фрањо ја поддржува борбата против климатски промени, па поради тоа, за свој нов папамобил избра електричен теренец и истиот го одобри на приватна аудиенција во Ватикан.

Возилото е направено од американската стартап компанија за електрични автомобили „Фискер“, предводена од данскиот инженер Хенрик Фискер. Од компанијата велат дека модифицираната верзија на „фискер оушн“ содржи бројни одржливи материјали, како теписи направени од рециклирани пластични шишиња. Новиот папамобил доаѓа со целосно стаклена, блиндирана купола.

„Се инспирирав кога читав колку папата води сметка за животната средина и влијанието на климатските промени врз идните генерации“, изјави Фискер.

Share
Scroll to Top