Плазма торта без печење - Reporter.mk

Плазма торта без печење – Reporter.mk

пред 2 години

Потребни состојки:

dobivaj vesti na viber

500 г мелени плазма бисквити
200 г мелени ореви
200 г шеќер во прав
200 г путер/маргарин
100 г чоколадо
200 мл сок од портокал
12-15 желе бонбони во различни бои
200 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

Растопете го путерот и чоколадото. Бисквитите, оревите или лешниците и шеќерот измешајте ги, па додајте ги сокот од портокал и смесата од растопен путер и чоколадо. Добро измесете ја содржината со раце за што подобро да се распоредат и соединат состојките. На тепсија или тацна ставете фолија. Исечкајте го желето на коцки и спојте ја смесата. Ставете ја во калап за торта и оставете ја во фрижидер да отстои околу еден час. Превртете ја тортата на тацна, па премачкајте ја со слатка павлака и послужете ја.

Share
Scroll to Top