Почина легендарниот американски водител Боб Баркер

Почина легендарниот американски водител Боб Баркер

пред 1 година

Легендарниот водител Боб Баркер, познат по шоуто The Price Is Right, почина во понеделникот на 99 години. Веста ја објавија тамошните медиуми кои пренесоа дека починал во својот дом од природна смрт.

Боб, чие целосно име е Роберт Вилијам Баркер, е роден на 12 декември 1923 година во Дарингтон, Вашингтон. Пораснал во Јужна Дакота, а во средно училиште со семејството се преселил во Мисури. Добил и стипендија за кошарка на Универзитетот Друри.

За време на студиите станал и кадет на поморската авијација бидејќи започнала Втората светска војна. Откако се вратил на колеџ, се оженил со Дороти Џо Гидеон, со која се забавувал уште од средно. В Во брак беа 36 години, до 1981 година кога Дороти почина.

По враќањето на студиите, Боб започна кариера како водител. Прво почна во локална радио станица, а потоа случајно заврши на телевизија. Потоа се пресели во Лос Анџелес со Дороти каде има успешна кариера на телевизија. Во 1956 година стана водител на популарното шоу „Вистина или последици“.

Потоа водеше емисии како „Семејната игра“, „Сајмон вели“ и „Тоа е мојата линија“. Во 1972 година стана водител на емисијата The Price Is Right, по која беше најпознат. Беше домаќин на шоуто 35 години додека не се пензионираше во 2007 година.

За ова шоу освои 19 Еми награди, а во 1999 година му беше доделена награда за животно дело. Беше примен и во Куќата на славните на Телевизиската академија, а доби ѕвезда и на познатата холивудска улица. Се појави и во други популарни серии како „Дадилката“, „Футурама“ и „Како ја запознав мајка ти“.

Share
Scroll to Top