Американскиот рапер Баста Рајмс со години се бореше со вишокот килограми, а неодамна во интервју за „Менс хелт“ открил што го поттикнало да претрпи голема телесна трансформација.
Баста се присетил на моментот кога водел љубов со сопругата, но потоа почнал тешко да дише поради килограмите и едвај се освестил.
„Станав и излегов од спалната соба за да не ја фати паника кога ме виде како едвај се обидувам да останам смирен. Се обидував да дишам, а тоа едноставно не функционираше. Се чувствував како да имам астма напад, а немам астма. Излегов ја напуштив спалната соба и влегов во дневната, принудувајќи се да дишам, да се опуштам“, раскажал раперот.
Тој се обидел да остане присебен и сопругата да не забележи ништо, но сепак сфатила дека нешто не е во ред.
„Еј, ова не е личноста во која се заљубив. Треба да ослабеш. Ме плаши ова дишење. Кога те запознав, не беше мускулест, но беше тенок, уреден и на место. Ми треба таа личност во која сум се заљубила“, изјавил Римес за тоа што му кажала неговата сопруга за неговата состојба.
Откако имал проблеми со дишењето, решил дека треба да се движи. Го променил начинот на живот, почнал да се храни поздраво и што е најважно повеќе се движи. Придржувајќи се до строг режим, Баста за многу краток временски период ослабе од 154 килограми на 115.