Селекторско деби на Кире Лазаров и победа на Македонија над светскиот шампон Данска

Селекторско деби на Кире Лазаров и победа на Македонија над светскиот шампон Данска

пред 3 години

Македонската репрезентација со 33:29 го победи светскиот шампион Данска во првиот напревар на Кире Лазаров како селектор. Ова е и прва победа на Македонија над данската репрезентација.

На натпреварот од квалификациите за Европското првенство, македонскиот тим водеше од почетокот до крајот. На полувремето ракометарите имаа 4 гола предност. Дејан Манасков, Филип Талевски и Филип Кузмановски постигнаа по пет гола, а кај Данците најдобар беше Микел Хансен со 11 гола. Николче Мицевски имаше 13 одбрани.

По три години во репрезентацијата се врати Филип Миркуловски.

По три одиграни натпревари, Македонија е првопласирана во групата 7 со максимални 6 бода, пред Данска која има 4. Во оваа група играат уште Швајцарија и Финска.

Во недела ќе се игра вториот натпревар меѓу двете екипи, овојпат Маедонија ѝ гостува на Данска.

Share
Scroll to Top