Претседателот Владимир Путин изјави дека руската вакцина против ковид-19 „спутник“ е сигурна исто колку и „калашников“. Ова го кажа откако здравствените власти на Русија ја одобрија верзијата на „спутник“ од која е потребна само една доза, наречена „спутник лајт“.
„Спутник“ функционира на исто како вакцините на „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“. Таа користи безопасен, мртов вирус, преку кој се внесува делче од коронавирусот во телото. Вакцината беше пречекана со голема скепса откако руските регулатори ја одобрија уште во август лани, но подоцнежните клинички тестирања покажаа дека дава висока заштита од ковид-19.
„Спутник лајт“ и официјално беше одобрена вчера и нејзините производители велат дека во тестирањата покажала делотворност од 79,4%.
„Режимот со една доза овозможува имунизација на поголем број луѓе во пократок временски рок“, соопштија властите.