Унгарија усвои закон кој забранува на децата да им се промовира хомосексуалност

Унгарија усвои закон кој забранува на децата да им се промовира хомосексуалност

пред 5 години

Унгарските пратеници усвоија закон со кој се забрани на децата да им се промовираат хомосексуалност или промена на пол, за што поддржувачите велат дека ќе помогне во борбата против педофилија, а противниците сметаат дека ова е е дискриминација на ЛГБТ заедницата.

Фидес, конзервативната партија на премиерот Виктор Орбан, го предложи законот, кој е последен начин за ускратување на правата на припадниците на ЛГБТ заедницата во оваа земја. Парламентот пак  го усвои законот со само еден глас против, а опозициските партии го бојкотираа гласањето. Мерката ја осудија и групите за човекови права, при што некои го споредија со законот против таканаречената геј пропаганда во Русија, усвоен во 2013.

„На овој срамен ден, местото на опозицијата не ѝ е во парламентот, туку на улиците“, изјави градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони.

Илјадници ЛГБТ активисти и други одржаа протест во Будимпешта вчера, што беше неуспешен обид да се спречи донесувањето на законот.

 

Share
Scroll to Top