(Фото) Брус Вилис исфрлен од аптека оти одбил да стави маска, актерот подоцна се извини

пред 3 години

Според странските медиуми, луѓето во аптеката биле вознемирени затоа што Вилис (65) не носел маска. Актерот имал шал ставен околу вратот.

Ѕвездата на филмот „Die Hard“ (Умри машки), кој беше фотографиран во аптеката без маска, го напуштил објектот со празни раце откако менаџерите му рекле дека не може да биде услужен ако не носи маска.

Вилис подоцна преку неговиот ПР агент се извини за инцидентот, велејќи дека било „погрешна одлука“ да не стави маска и порача:

„Бидете безбедни и да продолжиме да носиме маски“.

Јавноста изрази загриженост дека со ваквиот потег, Вилис се покажал како антимаскер. Некои дури и го нарекоа „ковидиот“ – човек кој одбива да верува во коронавирусот и да се заштити од зараза. Актерот поголемиот дел од корона -кризата го помина во карантин со неговата поранешна жена а Деми Мур и нивните деца во семејната куќа во Ајдахо.

 

Share
Scroll to Top