Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ за 41 роденден си купи Ферари. Станува збор за „Феради Дејтон SP3“, кое го има само во 599 примероци во светот. Чини 2,25 милиони долари.
Фудбалерот ги објави фотографиите и самиот си напиша: Среќен роденден Златане. Автомобилот ќе му стигне по 20 декември кога ќе биде пуштен во продажба. Веќе е прогласен за најубав суперавтомобил на годината.
Станува збор за аеродинамичен и најефикасен модел на Ферари со 840 коњски сили. Има најмоќен погонски агрегат кој Ферари некогаш го направил. Постигнува брзина од 100 километри на час за 2,85 секунди, а до 200 за 7,4. Максималната брзина му е 340 километри на час.
За потсетување, минатата година Ибрахимовиќ го прослави јубилејниот 40 роденден во друштво на српската пејачка Нада Точагиќ, која во Милано му ја пееше во живо „Јутро е“. Есенва немаше такво нешто, а клучевите од новиот автомобил Ибрахимовиќ ќе ги добие за околу два месеци.