(Фото) Лука Шулиќ од „Ту челос“ стана татко, бебето се роди дома

(Фото) Лука Шулиќ од „Ту челос“ стана татко, бебето се роди дома

пред 3 години

Поранешниот член на групата „Ту челос“, музичарот Лука Шулиќ, третпат стана татко. Популарниот виолончелист објави дека неговата сопруга Тамара се породила дома и дека таа и бебето Лео се чувствуваат одлично.

Лука откри дека овојпат присуствувал на раѓањето на бебето.

„Се роди нашето трето мало чудо, токму тука во нашиот дом, малото момче Лео. Јас сум толку горд на мојата убава и силна сопруга. Нека започне хаосот“, напиша тој на Инстаграм.

Лука и Тамара се венчаа 2017 година. Освен синот Лео, тие ги имаат и синот Вал и ќерката Хана.

Share
Scroll to Top