Шпанската полиција го истражува Енис Барди за фалсификување возачка дозвола, тој вели дека му е регуларно издадена

Шпанската полиција го истражува Енис Барди за фалсификување возачка дозвола

пред 4 години

Македонскиот фудбалер Енис Барди е осомничен за фалсификување на возачката дозвола. Полицијата во Валенсија се посомневале во валидноста на неговите документи, откако го сопреле за време на една рутинска контрола. Барди бил сопрен од полицијата, додека возел Порше во понеделникот, пренесуваат шпанските медиуми.

Неговата возачка била со слаб квалитет, а откако полицајците ја ставиле под ултравиолетово светло, забележале дека недостигаат неколку сигурносни обележја.

Полицијата му ја запленила возачката на фудбалерот на Леванте и сега се соочува со истрага за возење со фалсификувана дозвола.

Македонскиот репрезентативец се огласи на „Твитер“ и напиша дека возачката дозвола со која се идентификувал пред полицијата била валидна и регуларно издадена од службите во Македонија. Барди им ја дал целосната документација на полицијата за возачката дозвола.

Тој вели дека му била издадена од страна на македонското Министерство за внатрешни работи. Барди објаснил дека сака брзо да се расчисти забуната до која дошла.

 

 

Share
Scroll to Top