Баба изгорела 2.900 евра поради страв од корона

Баба изгорела 2.900 евра поради страв од корона

пред 3 години

Една 74-годишна жена од Израел ставила скоро 2.900 евра во сад со варикина, па потоа и во микробранова печка, за да ги дезинфицира, оти се плашела од короната, откри Националната банка.

Откако сфатила дека ги изгорела, жената испратила писмо до банката и објаснила дека оштетените пари ги добила како кирија од своите станари, но се плашела дека преку нив може да се зарази со Ковид-19, па решила да ги дезинфицира. Таа до банката испратила повеќе од 70 оштетени банкноти во банката, заедно со писмото.

„Се чувствувам многу виновна, јас сум чесен граѓанин кој никогаш не уништил пари“, се вели во пораката.

Истрагата на надлежните покажала дека банкнотите се вистински, па банката одлучила да ги замени со неоштетени.

Share
Scroll to Top