Болоња му даде отказ на Синиша Михајловиќ

Болоња му даде отказ на Синиша Михајловиќ

пред 2 години

Болоња му даде отказ на тренерот Синиша Михајловиќ откако освои само три бода во првите пет натпревари од Серија А. Тоа е еден од шесте клуба кои немаат победа годинава во италијанската лига.

dobivaj vesti na viber

Михајловиќ имаше несогласувања со раководството на клубот околу трансферите ова лето, откако си заминаа клучни играчи, а за нив не се најдоа соодветни замени.

Михајловиќ беше тренер на Болоња од 2019 година и во тој период двапати се бореше со леукемија, но успешно го водеше клубот. Сега италијанските медиуми пишуваат дека клубот немал слух за болеста на нивниот тренер и дека нивниот потег е неетички.

Пишуваат и дека нов тренер на клубот ќе биде Тијаго Мота, Клаудио Раниери или Роберто Де Зебри.

Share
Scroll to Top