„Валентино“ дизајнираше специјален дуксер со кој ги повикува луѓето да се вакцинираат

„Валентино“ дизајнираше специјален дуксер со кој ги повикува луѓето да се вакцинираат

пред 3 години

Модниот бренд „Валентино“ претстави специјален дуксер со буквата В и натпис вакциниран со црвени букви, со кој ја поддржа кампањата за вакцинација на светското население. Дуксерот чини 690 долари, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за УНИЦЕФ.

Идејата потекна од коментари на социјалните мрежи, а меѓу првите што ја поддржаа оваа иницијатива беа дизајнерот Пјерпаоло Пичиоли, стилистката Зерина Акерс, Емануела Фарнети, поранешна уредничка на италијанскиот „Вог“, и пејачката Лејди Гага.

Средствата ќе ја поткрепат и програмата „Ковакс“ на Светската здравствена организација, чија цел е да достави вакцини во земји каде што тие сѐ уште не се широко достапни.

Share
Scroll to Top