Пожарникарот Винсент од Флорида, со сопругата посвоиле бебенце кое го пронашол во кутија. Двајцата повеќе од деценија рекоа дека се обидеуваат да добијат дете и дека ова им е како подарок од Бог.
Винсент додека бил на работа го слушнал алармот во кутијата која била оставена во противпожарната станица. Прво помислил дека станува збор за лажна тревога, но кога ја отворил го видел бебето завиткано во розово ќебе.
„Ја кренав и ја погледнав во очи. Од тогаш се заљубив во неа. Не знам како да го објаснам ова“, рече Винсент, кој откако го прегледал бебето ја известил итната помош, по што го однел во болница.
Таму оставил белешка дека со сопругата имаат дозвола за посвојување и дека би сакале да го посвојат. Бебето било родено само 12 часа пред да биде напуштено. Неколку месеци подоцна, Винсент го земал кај него дома и со сопругата и го дале името Зои.
Тој ја споделил приказната сакајќи и биолошката мајка да знае дека ќерка ѝ е во сигурни раце.
„Не се работи за мене. Не се работи за мојата сопруга. Не се работи за нашето патување да имаме деца. Се работи за ова преубаво мало девојче што доби шанса за живот и што е посвоено. Таа е сакана и се надеваме дека нејзината биолошка мајка ќе го види тоа и ќе препознае дека постапи правилно. Не мора да се грижи повеќе. Нејзината ќерка е згрижена и е сакана повеќе отколку што може да се опише со зборови“, рече Винсент.