Ѓорѓе Давид, член на жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, направи преработка на песната „Пар година за нас“ на познатата рок-група од поранешна Југославија Екатерина Велика. Ѓорѓе со новиот бенд „Дет Соу“ сними и спот за песната.
„Оваа приказна започнува во 1994 година на 5 ноември баш на мојот роденден. Југрупите ‘Електричен оргазам’, ‘Парти брејкерси’ и мојата тогашна група имавме голем концерт во спортската сала во Младеновац, Србија. Се радувавме затоа што тоа беше собир на одлични бендови, преполна сала и знаевме дека ќе има одлична журка. Но за жал, по вториот настан се појави сега покојниот Душан (Дуле) Ерцеговац, кој беше менаџер на бендот ‘Екатерина Велика’, а и главен организатор на тој настан и соопшти дека Милан Младеновиќ само што починал. Организаторите и водачите на бендовите решија да не го прекинат концертот, туку да продолжи во негова чест и да ја соопштиме информацијата. Дваесет и осум години подоцна кога го славам својот 58. роденден се поклопија коцките. На албумот што го правиме со обработки на ексју песни се најде и обработената и ултимативна химна на ЕКВ ‘Пар година за нас’”“, открива пејачот.
Ѓорѓе Давид раскажува дека од месец мај бараат режисер, сценарио, тон, слика, но ниту една од понудените предлози не им се допаднал до моментот кога се појавил Вук Протиќ Халуџа, кој ја кажал својата идеја и се покажала како одлична.
„Има некоја тајна врска кога се прават нештата со многу достоинство, почитување, внимание кон великаните кој воспитувале многу генерации, а еден од нив е Милан Младеновиќ како автор. Реакциите за обработката, за спотот се многу позитивни иако е многу тешко за ваква химна кога се обработува да се долови позитивна рокенрол емоција ,на моја голема радост успеавме“, изјавил пејачот.