(Видео) Јохан и Соња Тарчуловска во бекстејџ навиваа за Мелани во „Ѕвездите на гранд“

(Видео) Јохан и Соња Тарчуловска во бекстејџ навиваа за Мелани во „Ѕвездите на гранд“

пред 2 години

Мелани Тарчуловска викендов настапи во „Ѕвездите на Гранд“. Таа ги испеа „Јовано Јованке“ и „Магла“ од Антониа Гиговска. Иако доби аплаузи од публиката, дел од жирито рече дека нејзиниот противник Хамза Гушиќ од Хрватска бил подобар.

Поддршка на Мелани и беа Јохан и Соња Тарчуловски во бекстејџот, а пред да почне на водителот Воја Недељковиќ му рекоа дека одела во средно музичко школо. За потсетување, Мелани вечерта беше во дуел со Хамза Гушуќ од Хрватска, кој на крај заврши со 6:4.

Александар Милиќ Мили рече дека Хамза бил подобар, а за Мелани објасни дека иако има убава боја на гласот, слушнал фалшеви. Вики Милковиќ не се согласи, а Цеца рече дека била топ. Босанац се согласи со Мили, а менторот на Мелани Ѓорѓе Давид рече дека пеела одлично како од цеде.

Марија Шерифовиќ исто застана на страна на својот кандидат Гушуќ.

За потсетување, Мелани вчера го прослави својот 18-ти роденден со забава со семејството и пријателите.

Share
Scroll to Top