Кристијан Прудом, организаторот на Тур де Франс, потврди дека в година и жените ќе ја возат најпрестижната велосипедска трка на светот. Маршрутата и должината на трката засега не се познати и се очекува деталите да бидат објавени во октомври. Тур де Франс се возеше од 1984 до 1989 година.
„Таа ќе се одржи в година, тоа е сигурно. Ќе се одржеше и оваа година да не беше пандемијата, а и Олимписките игри во Токио се веднаш по машката трка, па најдобрите возачи можеби немаше да бидат достапни. Но, одлуката е донесена, жените ќе го возат Тур де Франс во 2022, веднаш по машката трка. Сакаме да креираме настан што ќе опстане 100 години. Тоа првенствено значи дека не треба да губи пари. Денес, сите женски трки што се организираат губат пари“, изјави Прудом.