Калин Ивановски за првпат е во топ 400 тенисери во светот

Калин Ивановски за првпат е во топ 400 тенисери во светот

пред 1 година






Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски (19) го има најдобриот ранг и се наоѓа на 359-то место во сингл на АТП листата. Тој направи сок од 50 места со вкупно 131 поен. Втор македонски играч на ранг листата е Обрад Марковски, кој е на 1154. место. Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ овој понеделник ја стартуваше 389-та недела на чело на АТП листата на најдобри професионални играчи во светот. Го следи Карлос Алкараз со 7.175 поени. На третото место е Данил Медведев, а потоа следуваат Каспер Руд, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Тејлор Фриц, Јаник Синер и Френсис Тиафо.






Share
Scroll to Top