Македонски научници освоија прво место на конференција за вештачка интелигенција во Англија

Македонски научници освоија прво место на конференција за вештачка интелигенција во Англија

пред 2 години

Македонски тим на научници и инженери составен од д-р Христијан Ѓорески, д-р Мартин Ѓорески, м-р Ивана Кипријановска, м-р Симон Станковски, Филип Панчевски, и Бојан Софрониевски, освоија прва награда на меѓународната конференција за паметни технологии и уреди Ubicomp во Англија. Македонскиот тим заедно со англисите колеги од Emteg Labs, добија прва награда за најдобра демонстрација на иновативна технологија, паметните очила OCOSense.

dobivaj vesti na viber

Паметните очила преку иновативни сензори и Вештачка Ителигенција ги препознаваат изразите на лицето, а преку тоа даваат информации за емоционална состојба и однесување на корисникот што ги носи.

д-р Чарлс Ндука, извршен директор и водечки научник во Emteq Labs, објаснува дека оваа технологија е првата платформа за препознавање на изрази на лицето, човечки активности, и однесување во светот.

„Познат како „Fitbit за чувства“, OCOSense наскоро ќе биде достапен за сите истражувачи. Многу корисници ќе имаат корист од можноста за следење на далечина на домашен третман или медицинска терапија, вклучувајќи ги луѓето со депресија, Паркинсонова болест, парализа на лицето, и други слични состојби“, вели д-р Ндука.

 

Share
Scroll to Top