Мафини со тиквички - Reporter.mk

Мафини со тиквички – Reporter.mk

пред 3 години

Одлични мафини за љубителите на тиквички.

Состојки: (12 мафини)

  • 2 помали тиквички
  • малку сол
  • 2 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 180 мл јогурт
  •  4 лажици масло
  • 2 чаши остро брашно (шолја = 180 ml)

Подготовка: Излупете ги тиквичките, посолете ги и оставете ги 10 минути. Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. Јајцата измататете ги со јогуртот, брашното и маслото, а потоа додадете ги и тиквичките, не ги цедете, туку убаво соединетете ги и наполнете ги калапи за мафини.

Печете ги 30 минути на 200 степени. Ако сакате, можете да додадете малку зачин и пармезан во смесата. Ако тиквичките се поголема и имаат семки, задолжително извадете го средишниот дел, изрендајте ги и добро исцедете ги за не се направи лепливо тестото во средината од влагата при печењето.

Share
Scroll to Top