Моторола потврди дека овој јули ќе го лансира првиот уред со камера од 200 мегапиксели. Најавата стигна преку кинеската социјална мрежа Weibo, а од компанијата најавија дека овој телефон ќе биде ново мерило за фотографско искуство.

Иако од компанијата засега не го открија името на новиот телефон, за истиот се зборува веќе некое време. Уредот наводно се нарекува Motorola Frontier, а се шират гласини дека доаѓа со нов Samsung HP1 сензор. Освен главна камера од 200 мегапиксели, ќе има и ултраширок сензор од 50 мегапиксели, телефото камера од 12 мегапиксели, како и селфи камера од 60 мегапиксели.
Гласините тврдат дека Frontier ќе биде достапен во конфигурација со 8 и 12 гигабајти рам и дека OLED екранот ќе биде дијагонален од 6,68 инчи, FHD+ резолуција и дека ќе биде освежен со брзина од 144 Hz.

Се очекува телефонот да го покрене новиот Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет, а и од самата „Моторола“ најавија дека се подготвува телефон со овој процесор.
Некои тврдат дека со ова „Моторола“ го најави и промовира својот флексибилен телефон Razr 3, за кој исто се очекува да биде придвижуван од водечкиот Snapdragon, но според објавите на Weibo, Frontier ќе биде лансиран пред новиот Razr модел.

Засега ништо не е сигурно, но сите велат дека би биле позитивно изненадени доколку компанијата ги објави двата телефони во исто време. Се очекува од „Моторола“ да споделат повеќе информации во наредните недели. Засега делува дека новиот уред најпрво ќе биде промовиран во Кина, а потоа и во другите делови од светот.


Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Пилотка, пожарникарка, судијка и диригентка-Македонски жени кои ги рушат стеротипите
Ќерката на еден од најпознатите режисери најдена мртва под рушевините шест дена по земјотресот
Рецепти за посни торти без печење за Ѓурѓовден
Музички викенд во Скопје: македонски диџеи и регионални ѕвезди во МКЦ
Инстаграм сега автоматски ќе го преведува текстот во Stories
Шарлиз Терон во фустан што ги крие вишокот килограми на стомакот

