Пејачката Бритни Спирс (41) има проблеми со менталното здравје и злоупотреба на супстанции. Двата проблеми станале толку критични што нејзините роднини планирале интервенција, пренесува ТМЗ.
„Се плашам дека ќе умре“, изјавил извор за ТМЗ.
Неколку луѓе потврдија дека се вознемирени од нејзиното однесување и дека таа зема лекови за промена на нејзиното расположение. Блиски извори тврдат дека Бритни има се почести испади и не зема лекови за да и го стабилизира расположението.
Изворите изјавиле и дека нејзиниот менаџер изнајмил куќа Лос Анџелес неколку месеци, а планот бил да ја донесе Бритни во куќата, каде што ќе биде нејзиниот сопруг Сем Асгари, менаџерот и лекари, за да се обидат да ја убедат дека и треба помош. Нејзиниот татко Џејми и нејзините два сина не биле вклучени во планот.
Според првиот план, Бритни требало да живее околу два месеци во изнајмена куќа, каде ќе добие медицинска помош и психолошко советување. Но, планот се променил во вторникот откако пејачката забележала дека нешто се подготвува околу неа без нејзино знаење.
Изворите тврдат дека на крајот Бритни навистина се согласила да се сретне со лекар, но не се знае точно дали се работи за доктор или терапевт. ТМЗ пренесува дека пејачката се сретнала со докторот во средата.
Да потсетиме, Бритни минатиот месец беше видена во ресторан во близина на нејзиниот дом во Лос Анџелес, а сведоците рекоа дека таа се однесува променливо. На видеото снимено од еден од присутните се слушаше како пејачката зборува неповрзани работи.