На руската оперска дива Ана Нетребко ѝ ги откажуват концертите низ светот затоа што се се шпекулира дека е во врска со Путин. Таа е соочена со голем број критики поради наклонетоста кон рускиот претседател особено по руската инвазија врз Украина.
Таа не изрази отворена поддршка кон Путин, но, јавноста ја обвини уште во 2015 година кога во Доњецк се сликаше со знамињата на проруските ориентирани сепаристички бунтовници.
Таа исто така предизвика контроверзи кога на прорускиот украински лидер Олег Царев му даде милиони рубљи, односно околу 15.0000 долари. Тогаш таа се обиде да се одбрани објаснувајќи дека сака да ја поддржи уметноста, особено операта во Доњецк која Украина ѝ ги укина сите средства.
Испливаа некои нејзини стари изјави од светски медиуми кои дополнително ја нарушија нејзината репутација. Нетребко веќе со децении се поврзува со Путин. Во 2012 година таа го поддржа за време на изборите, а во 2011 година во интервју за Newsweek ги коментираше гласините за нејзината афера со Путин.
„Би сакала да сум негова љубовница, но кога? Се запознавме само двапати. Службено и кратко“, рече таа и додаде дека Путин бил многу привлечен човек со силна енергија.
Нетребко во неделата на „Инстаграм“ се изјасни против војната со Украина, но не ги осуди челниците на нејзината земја и не искажа солидарност со Русија.
„Не е во ред да се присилуваат уметниците или било кој друг јавно да ги изразуваат своите политички стојалишта кон својата татковина. Јас не сум политичка личност. Не сум политички експерт. Јас сум уметник и мојата цел е да ги обединувам луѓето на начин што ќе се надвладеат политичките поделби“, рече Нетребко.
Во вторникот објави дека ќе ги откаже јавните настапи до понатамошно известување, па нема да настапува во Метрополитен опера оваа или следната сезона, објавија од операта во Њујорк. Иако најавата опфаќа само две сезони, директорот на „Мета“, Питер Гелб, рече дека се чини малку веројатно дека Нетребко некогаш повторно ќе настапи на таа сцена.
Нетребко има пеено на преку 200 претстави во изминатите 20 години.Одлуката е донесена откако таа не одговорила на барањето на куќата да се дистанцира од рускиот претседател Владимир Путин додека тој води војна против Украина.
Педесетгодишната дива има настапувано во најголемите светски оперски куќи и има соработувано со бројни големи орекстри и диригенти. Иако требаше да настапи во Хрватска и тоа пропадна. Таа требаше да настапи во концертната сала Ватрослав Лисински во Загреб на 9 април, но концертот е откажан.