Начевски и Николов се номинирани да делат правда и за ЕП 2022

Начевски и Николов се номинирани да делат правда и за ЕП 2022

пред 3 години

Најдобрата македонска судијска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е номинирана да ја дели правдата и на Европското првенство во 2022 година, кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Двајцата одлично судеа претходно финале на Европското првенство и на финалето на Олимписките игри во Токио. Тие се дел од 18-те судиски двојки кои ќе ја делат правдата во Унгарија и Словачка. На списокот од судии нема судии од Франција и Норвешка.

На престојното европско ќе игра и Македонија, против Словенија, Црна Гора и Данска, а мечевите ќе ги игра во Дебрецен. Ова е шесто Европско на кое игра машката сениорска конкуренција.

 

Share
Scroll to Top