Младиот Никола Ѓоргиев, кој боледува од рак на коските вчера заедно со тимот на Медикал Караџи Турс Македонија се врати од Турција во Скопје, каде му беа направени потребните испитувања и да се утврди неговото лекување. Вели дека на 24. април после Велигденските празници ќе замине повторно во Турција каде ќе почне неговото лекување со соодветните хемо терапии.
“Немам зборови со кои би можел да ја искажам мојата благодарност и со кои би можел да ви се заблагодарам на сите вас што ми помогнавте на било каков начин, што дониравте, што се организиравте за мене, што ми дадовте уште повеќе сила. Ме чека долг пат, многу терапии, испитувања, борба, но не се откажувам и ви ветувам дека сега сум уште посилен, знаејќи и гледајќи колку само луѓе застанавте зад мене, како сите се кренавте на нозе за мене со цел да се соберат потребните парични средства и што побрзо да започнам со лекувањето.
Лекувањето кое се утврди дека за почеток ми е потребно и морам да го започнам чини 110.000 евра и благодарение на сите вас успеавме да собереме 90.000 евра, сума која ми беше недостижна и за која мислев дека ќе треба многу време за да ја соберам. Со ваша помош знам дека ќе го собереме и преостанатиот износ за што ќе ги споделам броевите за донирање и жиро сметката“, вели Никола од Црешево, кој нема родители и живее со неговите баба и дедо.
Броеви за донирање:
143 117 Телеком
143 488 А1
Стопанска банка 200003717578051 –
Девина сметка MK07200004066300617
Никола Георгиев