Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, по речиси една годинa се враќа во Македонија и вечерва ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Популарниот музичар ќе ги испее своите најголеми хитови, а организаторите „Прагмапродукција“ најавуваат одлична забава под отворено небо.
Поради ковид-протоколите, за концертот на Грашо во продажба се пуштени само 1000 билети. Од „Прагма“ велат дека ќе бидат испочитувани сите коронамерки.
Концертот на Петар Грашо почнува во 21 часот.