Почина помладиот брат на Марадона, Хуго, во Италија играа еден против друг

Почина помладиот брат на Марадона, Хуго, во Италија играа еден против друг

пред 3 години

Хуго, помладиот брат на Диего Марадона, почина во Неапол на 52 години, 13 месеци по смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Веста за смртта ја соопшти фудбалскиот клуб Наполи. Тие изјавија дека починал од срцев удар исто како и неговиот славен брат.

Тој играше фудбал од рана возраст исто како и неговите постари браќа Диего и Раул. Беше младински репрезентативец на Аргентина. Во 1987 година му се придружи на Диего во Наполи, пред да му биде позајмен на Асколи. Истата година, на 20 септември, првпат двајцата браќа Диего и Хуго заиграа еден против друг во Серија А. Тогаш Наполи издвои победа од 2:1.

Хуго Марадона никогаш не оствари голема кариера, за разлика од неговиот брат. Хуго играше и во Шпанија, Австрија, Аргентина, Јапонија, Венецуела и Канада. По пензионирањето се врати во Италија, и до крајот на својот живот остана во Неапол.

Share
Scroll to Top