Рецепт за салата со пилешко, ориз и печурки

Рецепт за салата со пилешко, ориз и печурки

пред 1 година

Состојки:

– 500 гр печурки

– 250 гр ориз

– 250 гр пилешко бело месо

– 200 гр слатка пченка

– 5-6 кисели краставички

– 300 гр мајонез

– 2 дл павлака

– оригано

– пиперка

– сол

Подготовка:

Сварете го пилешкото бело месо, пропржете ги печурките и сварете го оризот и слатката пченка.

Кога пилешкото ќе се олади, исечкајте го на ситни парчиња, а печурките исечкајте ги на поголеми коцки.

Сварениот ориз и слатката пченка добро исцедете ги.

Измешајте пилешко со печурки, изладениот ориз и слатката пченка, ситно сечкани кисели краставички, мајонез, павлака и оригано.

 

Share
Scroll to Top