Хари и Меган првпат се појавија во јавноста откако беа исфрлени од нивниот дом во Британија во сопственост на кралството

Хари и Меган првпат се појавија во јавноста откако беа исфрлени од нивниот дом во Британија во сопственост на кралството

пред 1 година

Принцот Хари и Меган Маркл првпат биле фотографирани во јавнсота откако официјално беше објавено дека биле исфрлени од домот во Британија, Фрогмор Котиџ.

Папараците ги фатиле како се држат за раце и се смеат додека излегуваат од деловн зграда во Санта Барбара, Калифорнија. Точната причина поради која биле таму е непозната, но во комплексот има неколку бизниси, вклучувајќи карате студио, фризерски салон и студио за пилатес.

Тоа беше прв пат парот, кој беше придружуван од неидентификуван човек за кој се верува дека е член на нивното обезбедување, да бидат видени во јавноста откако официјално ја напуштија викендицата на барање на кралот Чарлс.

Колибата, која тие ја обновиле, е во сопственост на кралството и била нивното последно преостанато место во Обединетото Кралство. Кралот ги избркал од Фрогмор, кој го реновирале за 2,4 милиони фунти и го користеле само шест месеци, и ги известил само неколку дена откако Хари го критикувал семејството во неговата книга.

„Можеме да потврдиме дека принцот Хари и Меган Маркл го напуштија Фрогмор“, рече функционерот за финансии на кралството Мајкл Стивенс по повод објавувањето на годишните трошоци на монархијата, а Палатата одби да каже кој би можел да се всели во куќата.

Но, според британскиот печат, Чарлс сака неговиот брат Ендру да ја напушти поголемата Кралска ложа на имотот Виндзор за да се насели во Колибата Фрогмор.

Share
Scroll to Top