Ѕверката се појави на снимањето на „Сексот и Градот“, фановите претпоставувaат дека не се во добри односи со Кери

Ѕверката се појави на снимањето на „Сексот и Градот“, фановите претпоставувaат дека не се во добри односи со Кери

пред 3 години

Актерот Крис Нот кој ја толкува улогата на Ѕверката во „Сексот и градот“ се појави на снимањето на продолжението од серијата, иако неговото присуство во новата сезона беше неизвесно од самиот почеток.

Вчера на Инстаграм се појавија фотографии од Кери Бредшо и Ѕверката на сетот во Њујорк, на кои држат некакви листови во рацете. По што, фановите развија дискусија дали тоа се документи за развод или, пак, се работи за сценарио од серијата.

Публиката ширум светот со нетрпение ја очекуваше венчавката на Ѕверката и Кери Бредшо. Додека некои цело време навиваа за нив, други навиваа конечно да раскинат.

Нот пред неколку месеци призна дека не е сигурен дали сака повторно да ја глуми Ѕверката бидејќи, како што рече, мислел дека му дал сè на тој лик. По разговорот со продуцентите, тој се согласи повторно да се појави на малите екрани како познат заводник.

Share
Scroll to Top