Јована Јоксимовиќ, уредничк и водителка на емисија на ТВ „К1“, која по бурна расправија го исфрли гостинот од емисијата, оти тој зборуваше против Вучиќ, сега со денови тема на Твитер. Многу реакции зардаи нејзина постапка кога влезе во конфликт со Млаѓан Ѓорѓевиќ, лидер на Движењето за Ослободување, откако тој нарече Александар Вучиќ предавник.
„Јована Јоксимовиќ како бароницата Кастели, кога во третиот чин го покажува своето вистинско лице од калта, својот простотилак го покажува кога почнува да вика „ајде бре“. Што и да ти каже соговорникот, да му кажеш на гостинот – ќе леташ надвор, е последно нешто во српското новинарство“, пишуваат на Твитер.
Ѓорѓевиќ и возврати па го спомна „Танјуг“, српската новинска агенција која формално беше „згасната“, а која му беше продадена на Жељко Јоксимовиќ. Пејачот сега е косопственик на „Танјуг“, а неговата сопруга Јована главна уредничка.
Споменувањето на „Танјуг“ целосно ја извади од такт Јована, па му кажа на Ѓорѓевиќ дека ќе го исфрли од студиото, што на крајот и се случи, а емисијата беше прекината со реклами.