Џек Вилшир во моментов нема клуб откако во минатото беше сметан за еден од најголемите таленти во англискиот фудбал, но тоа не значи дека ќе ја прекрши верноста кон Арсенал и ќе потпише за Тотенхем.
28-годишниот Вилшир помина низ академијата на Арсенал и помина 10 години како дел од првиот тим со 197 настапи, но по низата повреди, тој во 2018 година направи трансфер во Вест хем, за кои имаше само 19 меча и беше ослободен од договорот во октомври.
„Го сакам Жозе Мурињо, мислам дека е неверојатен тренер, но никогаш не би можел да играм таму. Не верувам дека и тие би ме сакале. Арсенал не ме разочарале и не ме исфрлиле од тимот за да има лоши чувства, така што секогаш сум човек на Арсенал“, вели Вилшир.