Фудбалскиот клуб Интер ќе го казни Артуро Видал. Чилеанецот, синоќа во поразот од Реал (0:2), доби два жолти картони за само седум секунди.
„Газета дело Спорт“, објави дека Интер подготвува жестока казна за Чилеанецот, кој во најзначаниот меч, му одмогна на тимот.
Видал по еден дуел во шеснаесетникот на Реал, со Модриќ и Варан, бараше пенал, жестокот протестираше, поради што судијата Ентони Тејлор му покажа жолт картон, а откако играчот тргна агресивно кон судијата, овој му покажа уште еден жолт картон и му го покажа патот кон соблекувалната.
Интер по поразот од Реал има само теоретски шанси да стигне до нокаут фазата.