Јанис Зику, поранешниот фудбалер на Интер тврди дека Жозе Мурињо ги оддржувал понеделничките тренинзи во попладневни термини за бразилскиот ас Мајкон да може да се отрезни од бурните викенди.
Мајкон беше клучен дел од тимот на Интер кој ја освои славната тројна титула во 2009/10, заедно со Горан Пандев, одигрувајќи 50 меча таа сезона.
„Во Интер, Мурињо имаше еден фудбалер кој честопати беше пијан во понеделниците – Мајкон. Мурињо не собра и не праша како да го вратиме во ритам. Потоа, тој реши да ја пресели тренинг-сесијата навечер. И така беше. Тие не тренираа утрото, туку навечер за Мајкон да се опорави. Вакви работи се случуваат во тимот и тимот мора да се адаптира“, вели Зику, кој беше дел од Интер од 2004 до 2010, иако не одигра ниту еден тим за сениорскиот тим.
39-годишниот Мајкон остана во Интер до 2012, кога одигра една сезона во Манчестер сити, а уште е активен како фудбалер на италијанскиот четвртолигаш, Сона, каде што неговиот син е дел од академијата на клубот.