Баерн парично го казни Кингсли Коман (24). Францускиот напаѓач во тренинг центарот дошол со погрешен автомобил.
Коман на тренингот пристигнал со „Мерцедес“, што е спротивно на клупската политика, играчите да возат „Ауди“.
„Ауди“, не само што е еден од спонзорите на Баерн, туку и поседува 8,33 отсто од акциите на клубот. Баерн, годишно, од овој автомобилски гигант добива 50 милиони евра.
„Би сакал да да му се извинам на клубот и „Ауди“ што не дојдов на тренингот во службениот автомобил. Ретровизорот на мојот „Ауди“ е оштетен. Направив грешка. За да ја исправам грешката ќе ја посетам фабриката на „Ауди“ во Инголштад, таму еден час ќе им делам автограми на вработените“, рекол Коман.
Инаку, Кингсли Коман и минатата година ги прекрши правилата, тога на во тренинг центарот дошол со „Мекларен“.