Фјури до Џошуа: Ако издржиш 3 рунди против мене, ќе ја предадам борбата

Фјури до Џошуа: Ако издржиш 3 рунди против мене, ќе ја предадам борбата

пред 4 години

И понатаму траат преговорите околу боксерскиот меч Тајсон Фјури – Ентони Џошуа. Фјури е деновиве многу нестрплив по ова прашање.

„Кога веќе сум во ваква низа, ќе повикам една личност. Голем бескорисен клошар и човек кој не е вистински борец, туку бодибилдер и голем грд сер.о. Тоа е Ентони Џошуа. Ако си тука, ајде да ја договориме борбата, Ќе ти го скршам лицето и ништо не можеш да направиш за да ме спречиш во тоа. Јас сум број 1, ти тоа го знаеш. Ако издржиш 3 рунди против мене, ќе ја предадам борбата. Толку сум самоуверен – ќе те згаснам како светло“ рече Тајсон Фјури.

Пред десетина дена Џошуа го прашаа дали сопственикот на појасот во ВБО верзијата може да му ги „украде“ неговите три, одговорот краток:

„За жал, нема да победи“.

Џошуа истакна дека проблемот со договарањето на долгоочекуваната борба е поради локацијата.

Двајцата Британци како идеално место за спектаклот го сметаат легендарниот „Вембли“.

Share
Scroll to Top