Ф1 ја одби жалбата на Астон Мартин

Ф1 ја одби жалбата на Астон Мартин

пред 3 години

Формула 1 ја ја отфрли жалбата на Астон Мартин за дисквалификацијата на Себастијан Фетел од трката за Големата награда на Унгарија.

Германецот, трката која се возеше на 1.август ја заврши на второто место, зад победникот Естебан Окон. Дисквалификацијата следуваше по завршувањето на трката. Стјуардите образложија дека во болидот на Фетел не можело да се извади доволно гориво за анализа.

Според правилата во резервоарот мора да има најмалку еден литар гориво, во болидот на Фетел имало околу 300 грама.

Дисквалификацијата на Фетел значи дека второто место во Унгарија го освои Луис Хамилтон.

Share
Scroll to Top