Никој како него – во Серија А стигна до 50. победа на 77. меч

Никој како него – во Серија А стигна до 50. победа на 77. меч

пред 3 години

Жозе Мурињо успешно ја започна новата авантура со тимот на Рома. Во првиот официјален меч победа од 3-1 во Серија А против Фиорентина.

Во својот прв мандат во Италија, на клупата на Интер од 2008. до 2010. година Португалецот во Серија А оствари 49 победи на 76 меча. Првиот триумф на кормилот на „волчицата“ беше јубилен 50-ти.

На тој начин португалскиот стратег ја продолжи неверојатната низа. Ниту еден друг тренер во Серија не дошол побргу до 50 победи откако за триумф се добиваат 3 бода (сезона 1994/95).

Истиот рекорд го држи и во Англија и во Шпанија. На Островот за 50 победи му требаа само 63 меча, додека на Пиринеите само 62.

Share
Scroll to Top