Златан Ибрахимовиќ можеби има 40 години, но не планира да се повлече од фудбалот и да „жали цел живот“, така што ветува дека ќе игра додека „не види“ подобар од него.
Швеѓанецот има 8 гола и 2 асистенции во 18 меча во Серија А оваа сезона и покрај тоа што пропушти голем број на натпревари со повреда на коленото и ахиловата петица и во интервју за УЕФА зборува за својата мотивација и за желбата да се остане ист и автентичен.
„Што и да ми се случи, успех, пари, слава, било што, ќе бидам истиот Златан и нема да се сменам. Или ти се допаѓам или не ти се допаѓам, но не сум на овој свет да натерам некој да ме сака. Играм со многу емоции за Милан бидејќи тоа е клуб кој ми даде голема среќа. Би сакал да ја освојам Лигата на шампионите, но тоа нема да ме смени. Ако не победам не значи дека некој е подобар од мене. Тоа е докажано, најдобриот не освојува се. Иднината треба да се напише и не сакам да сопрам предвреме и да жалам до крајот на животот бидејќи сум можел да продолжам. Реалноста е дека не сум видел некој подобар од мене, така што продолжувам“, објаснува Ибрахимовиќ.