Ријана е на насловната страница на мајско издание на магазинот „Вог“, каде што сними ексклузивна фотосесија. Таа е веќе во поодмината бременост. Поп -ѕвездата зимата во јануари откри дека чека бебе со својот дечко, раперот АСАП Роки.
„Кога дознав дека сум бремена, си реков дека нема шанси да купувам трудничка облека. Премногу е забавно да се дотеруваш. Си реков нема да дозволам тој дел да исчезне зашто моето тело се менува“, рече Ријана за „Вог“.
Фотосесијата ја правеше Ени Либовиц, а Ријана позира во различни модни комбинации во париски хотел, во креации на Жан Пол Готје, Рик Овенс и Марк Џејкобс.
„Во почетокот очекував некои магични промени, но останав она која што сум. Не одбивав да се појавам на настани. Зошто би ја криела бременоста?“, вели Ријана, но не откри кога треба да се породи.
Фото: Вог