Бјорн Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фелцки и Ани-Фрид Лингштад, членовите на култната шведска група АББА се појавија на премиерата на нивниот виртуелен спектакл наречен „Voyage“. Членовите на бендот се собраа во Лондон за прв пат од 1982 година. Бендот го издадоа албумот „Voyage“ во ноември минатата година.
Спектаклот започнува денес, а предвидено е до почетокот на октомври треба да се одржува седум пати неделно. На холограмските виртуелни концерти ќе настапат „Абатари“, холограми на членовите на групата.
Членовите на АББА последен пат се појавија во јавноста пред точно 40 години.
Групата АББА во 1974 со песната „Waterloo“ победија на Евровизија. Оттогаш нивната популарност стана поголема со што ги освоија музичките топ листи.
This?is?ABBA?Voyage? pic.twitter.com/6kGQ2zu1TU
— ABBA Voyage (@ABBAVoyage) May 26, 2022
The arrival we’ve all been waiting for! #ABBAVoyage pic.twitter.com/M2I1nyCvex
— ABBA Voyage (@ABBAVoyage) May 26, 2022