Холивудскиот продуцент Дејвид Пирс обвинет за убиство

Холивудскиот продуцент Дејвид Пирс обвинет за убиство

пред 2 години

Холивудскиот продуцент Дејвид Пирс е обвинет за убиство на мексиканската архитектка Хилде Марсел Кабралес Арзола и американската манекенка Кристи Џајлс во ноември минатата година.

Во декември 2021 година полицијата во Лос Анџелес ги уапси холивудскиот продуцент и поранешен актер Дејвид Пирс, снимателот Мајкл Ансбах и Брант Озборн во врска со смртта на две жени. Пирс е осомничен за убиство, додека Ансбах и Озборн се осомничени за помошници на убиството.

Џајлс на 13 ноември била оставена пред болница во Калвер Сити во Јужна Калифорнија, но набргу потоа починала. Два часа подоцна нејзината пријателка Кабралес Арзола била однесена до вратата од болницата Цезар Вест Лос Анџелес, но девет дена подоцна, на 24 ноември, таа починала.

Во двата случаи, три маскирани мажи биле видени како ги оставаат телата надвор од болницата пред да тргнат во непознат правец со возило без регистерски таблици..

Кристи Џајлс починала како резултат на мешавина од кокаин, фентанил, гама-хидроксибутерна киселина и кетамин. Според судскиот совет, Хилда Марсела Кабралес Арзола починала од откажување на повеќе органи, а кај неа биле пронајдени кокаин, МДМА и други неодредени супстанци. Гама-хидроксибутерна киселина е позната како лек за силување, според американската Администрација за спроведување на дрога (ФДА).

Share
Scroll to Top