Откако англиската Премиерлига најави дека ќе дозволи паузи за ифтар во мечевите за време на рамазанските пости, од Франција, каде што сигурно играат повеќе муслимански фудбалери, најавија дека ќе ги казнуваат клубовите кои ќе прават паузи.
Во Франција, која се гордее со тоа што е секуларна земја, нема причини за прекин на мечеви поради религиозни убедувања.
„Прекинувањето на мечевите поради рамазан ги прекршуваат правилата на Фудбалскиот сојуз на Франција. Целта секогаш е да се задржат нашите темелни вредности и да спречиме дискриминација поради политичките или верските убедувања. Федерацијата стои на своит принципи и предупредува дека ќе има дисциплинска постапка за тие кои ќе ги прекршат правилата“, се вели во пораката од Француската фудбалска фдерација (ФФФ).