Анри го критикува ПСЖ: Имаа две години да ја решат ситуацијата со Мбапе

Анри го критикува ПСЖ: Имаа две години да ја решат ситуацијата со Мбапе

пред 3 години

Легендата на францускиот фудбал, Тиери Анри, го критикувал однесувањето на ПСЖ кон Килијан Мбапе. Договорот на Мбапе со клубот истекува на крајот на сезоната, нов не сака да потпише, што значи дека самиот ќе избере каде ќе ја продолжи кариерата.

„Оваа ситуација можеше да се реши пред две години. Тогаш требаа да разговараат со него, да му кажат дека ПСЖ ќе биде негов тим, дека тој ќе биде лидерот. Сега ја има судбината во свои раце. Може да потпише за кого сака“, рекол Анри.

Извесно е дека Мбапе кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Share
Scroll to Top